Поврзете се со нас

Евролига

Фенербахче и Олимпијакос ги добија „,мајсторките“, познати се полуфиналните парови во Евролигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBbasket

Фенербахче и Олимпијакос се последните екипи кои успеаа да обезбедат пласман на завршнит турнир во Евролигата и тоа откако во „мајсторките“ славеа над Монако, односно Барселона.

Двата тима испишаа историја затоа што никој како гостин досега немаше славеше во петти решавачки меч. Фенер ја доби драмата со Монако по дополнителните пет минути со 80:79.

Калатeс и Вилбекин реализираа по 14 поени, додека залудни за домаќините беше 20 коша на Џејмс.

Олимпијакос пак ја освои „Палау Блауграна“ со 63:59. Грците беа подобри во вторите 20 минути и со тоа си обезбедија Ф4 во Берлин.Тројца играчи кај победникот беа двоцифрени, Лапровитола и Абринес постигнаа половина од кошевите на Барселона (29).

Полуфиналните парови се Реал-Олимпијакос и Панатинаикос-Фенербахче.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни