Поврзете се со нас

Одбојка

Одбојкарите загубија од Естонија во првиот меч во Европската златна лига

Објавено

на

Македонската одбојкарска репрезентација доживеа пораз од Естонија од 3-1 во сетови во првиот меч од Европската златна лига.

Голема борба донесе соочувањето во Струмица, но избраниците на Хари Наковски сепак не успеа да направат изнедувањето против противникот кој важеше за фаворит, статус кој го оправда на теренот.

Естонците првиот сет го добија со 25:23, но во вториот ние возвративме, удривме силно со 25:14 за 1:1.

Во третата „рунда“ гостите одново беа на повисоко ниво и со 25:19 дојдоа до ново водство, па водени од таа енергија се прикажаа во подобро светло и во четвртиот сет кој го реализираа со 25:22 за конечна победа.

Ѓоргиев со 17 и Илиев со 16 поени беа наши најдобри поединци.

Следната средба ја играме в недела, а ривал ни е Чешка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни