Поврзете се со нас

Шпанија

Тодибо: Само еден играч од Барса сакаше да зборува со мене

Објавено

на

Foto:twitter.com/ogcnice

Жан Клер Тодибо беше доведен во Барселона како голем француски талент и со план да го наследи Жерард Пике, но младиот стопер не доби вистинска шанса на „Камп Ноу“ и мораше да мине трнлив пат за да се врати во форма.

После неколку години минати во неуспешни позајмици, Тодибо успеа да се „закотви“ во Ница и ги прикажува своите најдобри партии во кариерата како член на овој клуб, а неговиот напредок е до толку добар, што веќе неколку премиерлигаши се заинтересирани за негов ангажман.

Тодибо има само 24 години и се очекува да направи голем трансфер претстојново лето, но пред да дојде до тоа, реши да се отвори за тешкото време минато во Барселона и лошиот третман кој го добил од директивата, но и соиграчите.

– Кога ме ангажираа од Тулуз, ми велеа дека ќе бидам наследник на Пике, но никогаш не добив вистинска шанса. Играв само на пет натпревари и играв добро, но никој нее сакаше да зборува со мене.

– Никој не сакаше да зборува со мене во Барселона, единствен кој зборуваше беше Абидал. И покрај тешкиот период, во Барселона научив многу на тренинзите и од играњето со големи играчи и големи ѕвезди, – порача Тодибо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни