Поврзете се со нас

Боречки спортови

Фјури во свој стил: Јас сум победник, неговата земја е во војна…

Објавено

на

foto:x.com/Turki_alalshikh

Тајсон Фјури загуби од Олександр Усик на борбата која се одржа во Ријад, Саудиска Арабија.

Усик го раздрма Фјури со спектакуларни удари и стана неприкосновен светски шампион! (Видео)

Голема борба се водеше низ сите рунди, па на крајот судиите беа тие кои го решија победникот и тоа со поделена одлука, односно двајца од нив му дадоа предност на Украинецот (115:113 и 114:113), а еден од нив му даде предност на Британаецот (114:113).

Ова за Фјури беше прв пораз во кариерата, пораз кој смета дека не го заслужил, па возврати со низок удар за противникот.

-Мислам дека јас сум победникот во оваа борба. Тој доби неколку рунди, но јас бев подобар во повеќе. Ама неговата земја е во војна, па тие застанаа на негова страна и му дадоа победа. Ова беше една од најлошите одлуки во историјата на боксот.

-Сега ќе одмориме малку, а потоа ќе се видиме на реваншот во октомври. Јас сум победник во оваа борба, но нема да седнам, да плачам и да барам изговори. Ќе се вратам и одиме повторно во ринг, -порача Тајсон во негов стил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни