Поврзете се со нас

Шпанија

Серлот постигна четири гола против Реал, Барселона го потврди второто место против Рајо и Димитриевски (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/VillarrealCF

Александар Серлот со „покер“ ефект го одбележа дербито меѓу Вилјареал и Реал Мадрид (4:4), додека Барселона немаше проблеми против Столе Димитриевски за сигурен триумф во претпоследното коло во актуелната сезона во Ла Лига.

Реал Мадрид водеше со 1:4 на полувреме против Вилјареал, со два гола на Арда Гулер, по еден на Хоселу и Лукас, а додека Серлот се запиша во листата на стрелци за домашниот состав.

Она што изгледаше како решен натпревар го промени норвешкиот голгетер, кој во вториот дел реализираше хет-трик за вкупно четири гола и конечни 4:4 на овој натпревар.

Левандовски го отвори резултатот на дуелот меѓу Барса и Рајо Валјекано, совладувајќи го нашиот Димитриевски уште во 3. минута, а во вториот дел Педри со два гола ги постави конечните 3:0, за официјална потврда на второто место за Каталонците.

Џирона ја победи Валенсија со 3:1 на гостински терен, додека Атлетико Мадрид ги разочара фановите со пораз 1:4 на дуелот со Осасуна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни