Поврзете се со нас

Европски првенства

Македонските ракометарки ги дознаа своите ривалки во групната фаза, турнирот ќе го отворат во Дебрецин

Објавено

на

Најсилната женска ракометна репрезентација вторпат во низа ќе биде дел од европскиот крем, а денеска нашите девојки ги дознаа своите противнички во групната фаза на Европското првенство.

Турнирот кој ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија од 28 ноември до 15 декември е првиот на кој ќе има 24 репрезенации, а Македонија на почетокот ќе игра во групата А на која домаќин ќе биде градот Дебрецин.

Македонја се најде во група со Шведска, Унгарија и Турција, а поради еден од домаќините на турнирот, истата ќе се игра во Дебрецин.

Останати два града во кои ќе се игра првата фаза се Базел и Инсбрук, втората рунда ќе се игра во Дебрецин и Виена, додека разврската за медали ќе се случува само во Виена.

Распоред на натпреварите на Македонија во групната фаза на ЕП:
28/11, Македонија – Шведска
30/11, Македонија – Турција
02/12, Македонија – Унгарија

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни