Поврзете се со нас

Англија

Фоден по титулата за историја на Сити: Тешко се опишува она што го чувствувам денес

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Фил Фоден со два гола ја заокружи сезоната во Премиер лигата, во која го освои признанието за најдобар фудбалер, а денеска се погрижи Манчестер Сити да стигне до четврта титула по ред.

Ефектот на Сити се случува првпат во историјата на Премиер лигата, па Фоден во првата изјава го истакнува значењето на овој голем успех.

– Тешко е да преточи во зборови она што го направивме денеска.

– Се запишавме во историјата, ниту еден друг тим го нема направено ова.

– Видовте што значи ваквиот епилог за нас и за фановите, цела година напорно работиме за вакви моменти. Сега можеме да кажеме дека сме први со четири титули по ред, навистина немам зборови, – рекол Фоден.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни