Поврзете се со нас

АБА лига

Црвена Звезда направи „брејк“ за седми трофеј во АБА лигата

Објавено

на

Фото: ABA League/Dragana Stjepanovic

Кошаркарите на Црвена Звезда славеа како гости кај градскиот ривал Партизан (76:82) и се израмнија со градскиот ривал според бројот на трофеи во регионалната АБА лига.

„Црвено-белите“ дојдоа до важна предност од 2:0 како домаќини, за вечерва со клучен „брејк“ да дојдат до 3:0, со што ја заокружија финалната серија без пораз и со нов успех во АБА лигата, односно седми трофеј во ова натпреварување во клупската историја.

Гостите постојано имаа контрола на резултатот во уште еден тензичен натпревар, на кој атмосферата беше уште позагреана поради инцидентот во кој Џејмс Нанали му нанел повреда на Стефан Лазаревиќ за време на денешниот тренинг во пресрет на дуелот на ривалите.

Голем инцидент во Србија: Нанели се „исклучил“ и нокаутирал играч на Црвена Звезда (ФОТО)

Гиедраитис и Митровиќ со по 12 поени беа најдобри реализатори во победничката екипа, додека кај Партизан, Аврамовиќ го заврши дуелот со 17 поени.

Јаго Дос Сантош од редовите на шампионот е избран за МВП на плејофот во АБА лигата.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни