Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

Голем шок во „Крусибл“: Актуелниот светски шампион загуби во првата рунда на најпрестижниот турнир

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/WeAreWST

Лука Бресел требаше да го брани трофејот освоен минатата сезона на Светското првенство во снукер, но загуби уште во првата рунда на годинешното издание на најпрестижниот турнир во овој спорт.

Возбудувањата во легендарната арена „Крусибл“ кулминираа со последната сесија во дуелот меѓу Бресел и Дејвид Гилберт, а Белгиецот успеа да прокоцка предност од 9:6, во ситуација кога за победа му беа потребни 10 фрејмови.

Историјата вели дека ниту еден снукер играч не ја одбранил титулата откако првпат ја освоил на овој турнир, а ниту Бресел нема да биде исклучок и нема да ја прекина таканарачената „Крусибл клетва“.

Гилберт во следната осминафинална рунда ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу Роберт Милкинс и Панг Џунгџу.

Како потсетување, Бресел немаше победа на овој турнир до ланското издание, во кое стигна до трофејот попат победувајќи ги Марк Вилијамс, Рони О’Саливен и Марк Селби.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни