Поврзете се со нас

АБА лига

Се појави видео од безбедносната камера: Познато како Нанели му задал тежок удар на Лазаревиќ

Објавено

на

foto:twitter.com/ABA_League

Во пресрет на третиот финален натпревар во АБА лигата, српските медиуми на големо пишуваа за уличарскиот инцидент кој се случил ова утро во „Штарк арената“, а од кој дел биле Џејмс Нанели и Стефан Лазаревиќ.

Американската ѕвезда на Партизан му нанел тешки телесни повреди на играчот на Звезда откако му задал тежок удар со тупаница, по што клубот побара експресна суспензија и целосна истрага од АБА лигата.

Звезда во своето соопштение посочи дека во кошарката нема место за насилници, а во период кога цела јавност во соседството пишува за инцидентот, се појави и видео од безбедносната камера во салата.

 

foto: kkcrvenazvezda.rs/

Познатиот „Телеграф“ доби ексклузивна снимка и ја пренесе истата во јавноста, а на истата е прикажан и моментот кога Нанели замавнува кон лицето на Стефан.

Звезда веќе откри со какви послелдици се здобил кошаркарот, но засега се уште непознато е дали Нанели ќе добие суспензија, или пак ќе може да му помогне на својот тим во обидот да се врати неизвесност во финалето.

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни