Поврзете се со нас

Франција

Варан може да се врати во клубот во кој ја започна кариерата

Објавено

на

foto: x.com/ManUtd

Рафаел Варан си заминува од Манчестер Јунајтед по три години поминати на „Олд Трафорд“.

Договорот му завршува на крајот на наредниот месец, а клубот ја информираше јавноста дека соработката нема да биде продолжена.

Со ова се става крај на една приказна, но во исто време се поставува крашањето каде Французинот ќе продолжи, односно дали ќе остане во Европа или пак можеби ќе се реши некоја друга дестинација како Саудиска Арабија или МЛС лигата.

Понуди сигурно ќе има, а една од опциите може да биде да се врати дома, во тимот во кој се градеше и почна да игра на сениорско ниво пред да заврши во Реал Мадрид-тоа е Ланс.

-Очигледно е дека Рафаел Варан е интересен за мене, со неговите квалитети како играч, со неговите квалитети како лидер, со неговите човечки квалитети, сè што претставува и со сè што сè уште е способен да даде. Секако дека финансиските аспекти не зависат само од мене, но доколку постои можност ќе бидам најсреќниот тренер, -порача предводникот на прволигашот, Франк Ес.

Ланс со 50 бода е на 6. позиција во Лига 1, поточно ако вака остане ќе игра во европските купови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни