Поврзете се со нас

Репрезентација

Селекцијата до 14 години ремизираше со Словенија, фудбалерите до 16 загубија од Словачка

Објавено

на

foto: ffm.mk

Македонската селекција до 14 години одигра нерешено 1:1 против Словенија во рамките на вториот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции.

Нашата репрезентација прва се закани по голот на противникот уште во 4. минута. Крстевски во 16. минута имаше одлична можност, се најде сам очи во очи со противничкиот голман, но без реализација. Во 18. минута Словенија поведе со 1:0.

Во 52. минута Ристиќ имаше шанса за Македонија, но неговиот удар беше изблокиран во последен момент. Во 80. минута Павлов постигнува еврогол со кој го израмнува резултатот и ги поставува конечните 1:1.

Репрезентацијата пак до 16 години, денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски” го одигра вториот контролен натпревар против соодветната селекција на Словачка.

Избраниците на селекторот Раде Каранфиловски имаа предност од 1:0 по првото полувреме, но на крајот беа поразени со 3:1.

Противникот одиграа одлично второ полувреме, во кое успеа да постигне три погодоци, со што ја издвојуваше втората победа против нашата селекцијата во рамките на двата контролни мечеви .

Единствениот погодок за Македонија беше дело на Александар Грашески.

Во првиот контролен натпревар помеѓу овие две репрезентации, Словачка оствари минимален триумф со 2:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни