Поврзете се со нас

НБА

„Дрим тимот“ е комплетиран: Двократен НБА шампион ќе го пополни последното место во составот на САД за ОИ

Објавено

на

foto:www.facebook.com/usabasketball/

Олимписките Игри секогаш се дополнителна мотивација за Американците кога е во прашање кошаркарскиот турнир, па токму затоа во Париз ќе настапат со супер тим кој дефинитивно ќе биде главен фаворит за златото.

Медиумите веќе излегоа со информација за најголемиот дел од асовите кои кажале „ДА“, поточно ќе го формираат дрим-тимот за кој може да се каже дека е комплетиран затоа што е пополнето и 12 место.

Брутален состав: Американците имаат вистински „дрим тим“ за ЛОИ во Париз

Имено според секогаш добро информираниот Адријан Војнаровски, членот на ЛА Клиперс, Кавај Ленард ќе биде последниот кошаркар на листата за ЛОИ.

Ленард е двократен НБА шампион, играч кој сезонава има бројки од 23,7 поени, 6,1 скока и 3.6 асистенции по натпревар.

САД е во група со Србија, Јужен Судан и победникот од квалификациската група која ќе се игра во Порторико.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни