Поврзете се со нас

Германија

Тухел брутално понижен од Хенес пред полуфиналето со Реал: Ми ја повреди тренерската гордост!

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен успешно го положи последниот тест пред полуфиналето со Реал Мадрид во Лигата на шампионите, но увертирата за мечот за Ајнтрахт Франкфурт донесе една контроверзна изјава, која брзо одекна како „бомба“ во германската јавност.

Ули Хенес како еден од најважните луѓе во Баерн Минхен јавно и отворено го понижи Томас Тухел, појаснувајќи дека актуелниот тренер не се труди да ги подобри актуелните играчи, за кои попрво бара итна замена, отколку посветено и напорно да работи со нив.

– Играчи како Павловиќ и Мусиала се иднината на Баерн Минхен. Јас не го обвинувам Томас Тухел, често знаев да имам вечера со него и имаме добар однос. Но, тој сосема различно ги гледа и ги толкува работите од мене. Тој не смета дека може да подобри играчи како Дејвис, Павловиќ или Мусиала. Ако не функционира со нив, тој попрво сака да се купи друг играч. Јас сум целосно спротивен од него, сметам дека треба да се работи со млади играчи, треба да се тренираат и да им се влее самодоверба, – гласи изјавата на Ули Хенес кој предизвика големи реакции во Германија, вклучувајќи го и самиот Тухел.

По победата над Ајнтрахт од 2:1, Тухел нагласи дека Хенес не можел да избере полош тајминг за таква изјава, но истовремено призна дека е повреден и разочаран од зборовите на шефот.

– Тоа што го кажа Ули е далеку од реалноста, не ни знам како да одговорам. Навистина ми ја повреди мојата тренерска гордост. Ако јас и мојот тим сме покажале нешто во изминатите 15 години, тоа е дека сме давале шанси на играчи од академијата. Навистина не ја сфаќам изјавата на Хенес, сметам дека е апсолутно бесмислена. Да не дојдеа овие зборови од устата на Ули, немаше ниту да изреагирам. Фактот што овие зборови доаоѓаат од нашиот шеф е нешто што дава сосема поинаков вкус на приказната. Ме повреди длабоко како тренер, но мора да го надминеме ова и да се насочиме на Реал Мадрид, – изјави Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни