Поврзете се со нас

АТП

Вистинска комедија: Ѓоковиќ се појави пред фановите со специјална заштита на главата и повторно делеше автограми (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ROLEXMCMASTERS

Новак Ѓоковиќ ова попладне се вратил во тенискиот центар „Форо Италико“ по вчерашниот инцидент кој го имаше по мечот во второто коло, а после непријатностите кои ги имаше, светскиот рекет број еден со самата своја појава пред фановите потврди дека е расположен за шеги.

Ноле пристигнал пред фановите и почнал да дели автограми со специјална заштита на главата, потег со кој ги изнасмеал сите присутни пред тенискиот комплекс во Рим.

Ѓоковиќ се појавил со кацига на главата и направил комична пародија на бизарната сцена, а со насмевката на лицето потврдил дека не чувствува никакви последици.

Ноле денеска има слободен ден и повеќе време да ужива на турнирот во Рим, пред да дојде ред на неговиот меч од третото коло кој е закажан за утре.

Светскиот рекет број еден ќе игра против Алехандро Табило, а засега организаторите се уште не го одредиле терминот за овој меч.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни