Поврзете се со нас

Шпанија

Момент кој многумина го заборавија: УЕФА го издвои клучниот потег на Модриќ кој овозможи нов незаборавен пресврт на Реал (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Лука Модриќ оваа сезона се претплати да ги менува натпреварите како резерва и „џокер“ на Карло Анчелоти, па така беше и на полуфиналето против Баерн Минхен во Лигата на шампионите.

Хрватот донесе голема свежина во играта заедно со Брахим и Хоселу и тројцата беа најзаслужни за завршниот налет на „кралевите“, кој сепак стана возможен поради една пожртвувана реакција на ветеранот.

Баерн тргна во опасна контра по еден неуспешен корнер и Павловиќ не искористи голема шанса да го матира Реал при резутлат 0:1, а најзаслужен за тоа е токму Модриќ.

Играчот за врска го претрча цел терен и успеа да го стигне фудбалерот на Баерн, а неговата пожртвувана реакција за многумина е клучна за пресвртот кој подоцна го направи тимот на Карло Анчелоти.

Таков е ставот и на УЕФА, па токму поради тоа од европската федерарција му посветија и посебно видео на хрватскиот фудбалски маестро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни