Поврзете се со нас

Шпанија

Џирона прими гол во 99. минута, Барса повторно зависи сама од себе за второто место (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Alaves

Џирона остави огромна победа над Барселона и го потисна каталонскиот ривал на третото место, но една седмица подоцна, ситуација повторно може да се промени.

Второто место во Ла Лига носи значајна финансиска придобива поради билет за Суперкупот, па мора да се признае дека Џирона вечерва пропушти голема шанса да се одлепи на плус четири во однос на својот градски ривал.

Тимот на Мичел двапати водеше на гостувањето кај Алавес со 0:1 и 1:2, но на крајот прими гол во последните секунди, или во 99-та минута.

Гарсија и Ерара двапати го носеа гостинот до предност, но Гуриди двапати одговори, а вториот пат во самата завршница за делириум на трибините.

Со овој триумф, Алавес го потврди статусот на прволигаш наредната сезона, додека Џирона останува втора, но со шанса да падне на третото место ако Барселона победи против Реал Сосиедад.

Головите погледнете ги ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни