Поврзете се со нас

Англија

Тери го посочи човекот кој треба да го води Челси наредната сезона: Тој е вистинскиот

Објавено

на

Foto:twitter.com/JohnTerry26

Маурисио Покетино на вчерашниот прес најави дека сите дилеми за неговата иднина во Челси ќе бидат расчистени по крајот на последното коло кое се игра наредниот викенд, односно откако ќе седне на маса со првиот човек Тод Боли и неговите помошници.

Поради променливите резултати и нависитна болни порази во текот на сезоната, иднината на Аргентинецот во првиот тим не е загарантирана, па иако има такви кои очекуваат смена, има и луѓе како Џон Тери кои веруваат во филозофијата и работата на Покетино.

Легендарниот капитен на Челси во овој момент е дел од клубот и верува дека Маурисио и натаму е вистинскиот човек за тимот, особено поради фактот што во првата сезоната со соочил со голем број потешкотии да го извлече најдоброто од своите фудбалери.

– Според мене не треба да се бара замена, Покетино е вистинскиот. Знаевме дека ќе биде тешко, имаме многу млад тим и беа претрпени големи промени минатото лето. Имаше голем пресврт и Покетино се најде пред едно целосно ново опкружување.

– Го гледам како работи и навистина ми се допаѓа како се залага. Уживам да гледам како се справува со играчите, дефинитивно треба да му дадеме време. Во последните неколку недели гледаме напредок во играта, перформансите ќе станат уште подобри кога младите играчи ќе се навикнат на своите улоги и ќе сфатат каде припаѓаат. За да го дочекаме тоа, потребно е време и треба да бидеме трпеливи. На клубот му е потребна стабилност, а не чести промени кои знаат да донесат уште поголем хаос, – потенцира Тери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни