Поврзете се со нас

Шпанија

Крос: Титулата во Ла Лига е двојно послатка поради поразот на Барса

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Тони Крос често знае да ги коментира најзначајните моменти во светскиот фудбал во поткастот кој го водат со својот брат Феликс, па во последното издание тема на разговор е 36-та титула во шпанската Ла Лига.

Реал Мадрид не дочека да биде нов национален шампион на теренот и мораше да го чека исходот од каталонското дерби, а откако Џирона со пресврт славеше со 4:2, „кралевите“ мораа да слават во подтрибинскиот простор на „Бернабеу“.

Играчите на Реал стигнаа до уште едно големо остварување во своите кариери и Крос продолжи да пишува своја историја со соиграчите, но уште поголемо задоволство меѓу фановите на „кралскиот клуб“ привлекува начинот на кој го искоментира сценариото од изминатиот викенд.

– Победивме на нашиот меч против Кадиз и кога Барселона водеше 2:1, бев решен да си одам дома. Сепак, сите ми велеа да останам до крај. Пет минути подоцна губеа 4:2 и сите бевме во исчекување. Тоа што не си заминав дома беше вистинска одлука.

– На крајот се испадна малку лудо, бидејќи Џирона можеше да победи и 7:2. Славевме малку, но не премногу. Главната прослава е претстојниот викенд. Реално е дека ни недостасуваше малку еуфорија во саботата, ќе беше подобра да не станеме шампиони пред телевизорот. Сепак, добро е и вака. Титулата во Ла Лига е двојно послатка со пораз на Барселона, – завршува Крос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни