Поврзете се со нас

Англија

Тотенхем ја прекина серијата на лоши резултати и го испрати Барнли во Чемпионшип лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/SpursOfficial

Составот на Тотенхем ја прекина серијата на лоши резултати во Премиер лигата и тоа со славје над Барнли од 2-1.

„Петлите“ влегоа во дуелот со четири порази во низа, а по половина час игра изгледаше дека таа серија може да продолжи со оглед на тоа што гостите водеа со погодокот на Брун Ларсен.

Сепак Поро во 32 минута израмни на 1-1, а во 82 уште еден дефанзивец Дан Де Вен стрелаше за голема радост на домашните навивачи.

Со овој резултат Барнли официјално испадна од ПЛ, поточно му се приклучи на Шефилд Јунајтед. Во таа група најверојатно ќе биде и Лутон кој загуби од Вест Хем со 3-1, односно тоа сценарио може да се потврди вечерва ако Нотингем Форест остане непоразен против Челси на „Сити Граунд.

Њукасл разочара и одигра само 1-1 со Брајтон, Евертон минимално го доби Шефилд со погодокот на Докуре, додека Кристал Палас и Брентфорд беа подобри од Вулверхемптон, односно Борнмут.

Standings provided by Sofascore
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни