Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ со МВП издание ја врати неизвесноста, Денвер одговори шампионски на првото гостување во Минеаполис (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

‘Денвер претрпе два тешки удари на домашен терен и мораше да се освести по шлаканиците кои ги доби, а Никола Јокиќ и соиграчите одговорија позитивно на првото гостување во Минеаполис.

Минесота имаше шанса да дојде на чекор од финалето на Западот со прва победа на домашен терен, но мора да се нагласи дека „волците“ не беа ниту блиску до такво нешто и загубија убедливо со 90:117.

Нагетси одговорија шампионски по двата порази во „Бол арената“ и го одиграа убедливо најдобриот меч во оваа серија, која сега добива сериозен заплет пред четвртиот меч кој повторно се игра на терен на Минесота.

Никола Јокиќ беше лидер и одигра перфектно второ полувреме, а со тоа на најдобар можен начин им одговори на критиките само два дена по добиената МВП титула.

Србинот го заврши мечот со 24 поени, 14 скокови и 9 асистенции, но имаше и три украдени топки и три блокади. Поддршка доби од Џамал Мареј кој исто така постигна 24 поени, а извонреден беше и Портер со 21 поен.

На вториот меч кој се играше во НБА рано утрово, Индијана успеа за првпат да го победи Њујорк и исто така намали на 2:1 (111:106).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни