АТП
Ѓоковиќ брзо го „спакува“ францускиот предизвикувач на стартот во Рим
Корентан Муте влезе како „среќен губитник“ на главниот турнир во Рим и се закани дека ќе оствари победа против светскиот рекет број еден, но Французинот можеше да парира само на почетокот кога Новак Ѓоковиќ не беше на свое ниво.
Ноле му дозволи на Муте да поведе со 3:1 и да се понадева на најголема победа во кариерата, но тоа брзо пропадна во вода, бидејќи Србинот навреме реагираше и се врати со страшна серија.
По негативата од 1:3, Новак освои седум гејма по ред и дојде до предност од 6:3 и 2:0, па иако Муте го освои следниот гејм, тоа беше се што направи до крајот.
Ѓоковиќ со нова серија од 4:0 стигна до преубедливи 6:1 и стави крај на неизвесноста, па доста лесно го „спакува“ противникот кој се закануваше дека ќе му ја расипе забавата.
Лесна задача треба да има Ѓоковиќ и во третата рунда на Мастерсот во Рим, бидејќи негов ривал ќе биде Алехандро Табило.
-
Светски првенства17 часа
Белами: Македонија е поинаков предизвик за нас
-
Шпанија22 часа
Жалбата на Барселона одбиена, Флик се сели на трибина
-
Шпанија11 часа
Димитриевски застана на голот на Валенсија во Примера, „лилјаците“ загубија на „Хосе Зорилја“ и паднаа на последното место (ВИДЕО)
-
Репрезентација13 часа
Гостински предизвици на почетокот и крајот на квалификациите: Познат распоредот на македонската репрезентација на патот до СП (ФОТО)
-
Шпанија16 часа
Пике откри кој му омилен играч од Барселона и посочи два клуба кои најмногу ги почитува
-
Англија22 часа
Манчестер Сити објави рекордни приходи во историјата на Премиер лигата
-
Репрезентација21 час
Милевски за противниците во квалификациите за СП: Ждрепката во Цирих носи надеж за добар пласман
-
Свет18 часа
Белгија првпат немаше селектор на ждрепката за СП, медиумите ја открија причината за отсуството на Тедеско