Поврзете се со нас

АТП

Видео од друг агол открива како дошло до инцидентот во Рим, организаторите објавија каква повреда заработил Ѓоковиќ

Објавено

на

Foto:twitter.com/ROLEXMCMASTERS

Новак Ѓоковиќ имаше лесна задача на „Форо Италико“ и со 6:3 и 6:1 го спакува Корентан Муте, но пласмано во следната рунда на Мастерсот во Рим не му донесе баш мирна ноќ на светскиот рекет број еден.

Причина за тоа е неверојатната и бизарна ситуација која се случи по крајот на мечот, или поточно во моментите кога српскиот тенисер тргна да дели автограми на фановите.

Додека го правеше тоа, Новак доби алуминиумско шише во глава кое случајно падна од трибината, па иако станува збор за несреќен случај, медиумите јавуваат дека Србинот навистина бил шокиран од целиот настан.

Од силината на ударот, италијански „Скај“ открива дека Ѓоковиќ добил мачнини и експресно бил пренесен во лекарската соба на тенискиот стадион во Рим, каде му била укажана и прва помош.

Италијанците пишуваат дека Ѓоковиќ добил расекотина на главата и морало да има лекарска интервенција, но најдобра вест е таа која ја соопштија и самите организатори на турнирот.

– Откако го напушти централниот терен, Новак Ѓоковиќ беше погоден со шише во глава додека делеше автограми за фановите. Поради тоа, подлегна на медицински третман и веќе го напушти комплексот на „Форо Италико“ и се врати во својот хотел. Неговата состојба не е загрижувачка, – гласи соопштението на турнирот, во која се додава дека е откажана неговата планирана прес-конференција.

Во меѓувреме, се појави и видео од друг агол и истото открива дека шишето случајно паднало од ранецот на млад фан, кој во обидот да добие автограм, за малку ќе му нанесеше потешка повреда на својот идол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни