Поврзете се со нас

АТП

Муте тргна да одговори на телефонскиот повик за време на меч, Ѓоковиќ не можеше да поверува што гледа (Видео)

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ доживеа навистина непријатна ситуација по крајот на мечот од второто коло во Рим и доби шише во глава додека делеше автограми, па на крајот мораше да добие и лекарска интервенција пред да ја откаже стандардната прес-конференција.

Србинот заработи расекотина на глава од силината на ударот и со ладни облоги беше испратен на одмор во хотелската соба, а Ноле оттаму се јави со објава и посочи дека се чувствува добро после инцидентот кој бил сосема случаен.

Завршната драма направи цела спортска јавност да зборува за несреќниот инцидент кој се случи пред трибината, па затоа во втор план се најде и една урнебесна ситуација од мечот која дефинитивно вреди да се одбележи.

Ноле издоминира во завршницата на првиот сет, а на почетокот на вториот мораше да гледа една неверојатна и некарактеристична ситуација на професионалните мечеви.

Корентан Муте забележа дека ѕвони неговиот телефон кој е сместен во торбата и тргна да одговори на телефонскиот повик, па иако на крајот не го направи тоа, со своето однесување го изнасмеа Ноле, но и сите присутни на „Форо Италико“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни