Поврзете се со нас

Германија

Кан ја спореди својата незаборавна грешка со онаа што ја направи Нојер на „Бернабеу“: Голманскиот живот е брутален

Објавено

на

Foto:twitter.com/OliverKahn

Мануел Нојер се претвори во трагичар за Баерн Минхен и покрај тоа што до 88-та минута беше најдобар поединец во редовите на гостинскиот тим, бидејќи една негова лоша реакција се покажа како кобна за баварците.

Капитенот на Бајерн ја испушти топката по шутот на Винисиус и му овозможи на Хоселу да погоди за 1:1, по што почна големиот пад на Германците кои примија уште еден во наредните три минути.

Баерн загуби со 2:1 и остана на чекор од големото финале на „Вембли“, а бидејќи грешката на Нојер предизвика големи реакции во јавноста, со став за киксот на Ману се јави и Оливер Кан.

Поранешниот голман на Баерн и Германија се потсети на неговата грешка против Бразил на финалето против Бразил во 2002-ра година, нагласувајќи дека одново сите виделе колку животот на еден голман може да биде брутален.

– Јас направив иста грешка во 2002-ра година во финалето на Светското првенство, но тоа беше рано и ние имавме време. За жал, Мануел направи грешка во 88-та минута и тоа беше крај. Пред да дојде до тој момент, имаше низа спектакуларни одбрани. Тоа е животот на еден голман, знае да биде брутално. Нојер сепак е доволно искусен и ќе знае да се справи со ова. Баерн беше многу блиску до финале и жал ми е за момците, – изјави Кан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни