Поврзете се со нас

Шпанија

Ривалдо со сурово искрена изјава за Реал ги повреди навивачите на Барса: Треба да се гледа низ призмата….

Објавено

на

Foto:instagram.com/rivaldo

Ривалдо во своето најново обраќање за „Бетфер“ типуваше дека Борусија Дортмунд ќе го победи Реал Мадрид во големото финале во Лигата на шампионите, но според него, тоа нема да смени ништо кога е во прашање светскиот поредок на најдобри клубови во светот.

Според легендарниот бразилски фудбалер, во овој момент нема никаков сомнеж и тој смета дека Реал Мадрид е најдобар клуб во светот, став кој не се плаши да го сподели и покрај својата поврзаност со Барселона.

Поради своето минато на „Камп Ноу“, Ривалдо речиси секогаш ги брани интересите на Барса, но сега даде сурово искрена изјава со која повреди дел од навивачите на клубот.

– Реал Мадрид е најдобар тим во светот во овој момент. Кога играте за голем клуб како што јас играв за Барса, секогаш ги браните интересите на твојот клуб и на твојот тим.

– Сепак, треба да гледаме и низ призма на историјата и освоените титули. Мора да му се честита на Реал за се што оствари во Лигата на шампионите. Овој тим едноставно знае како да игра во Лигата на шампиони, – потенцира Ривалдо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни