Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ со кошаркарска вртелешка ги насамари Едвардс и Гобер (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Никола Јокиќ одговори на критиките по двата порази претрпени од Минесота и заедно со Џамал Мареј го водеше Денвер до прва победа во полуфиналната серија на Западот, триумф со кој актуелниот шампион се враќа во игра.

Денвер славеше на првиот меч во Минеаполис со 90:117 и најави уште поголема драма за следниот натпревар, а српскиот мајстор се појави во најдобро издание кога беше најпотребно.

Јокиќ беше лидер со 24 поени, 14 скокови и 9 асистенции, а од широкиот репертоар на потези, понуди и една вртелешка на која паднаа Едвардс и Гобер.

Двајцата кошаркари на домашниот тим отидоа во празно и не го предвидоа движењето на Јокиќ, кој потоа и успеа да поентира од вториот обид.

Блескавото издание на Србинот беше збогатено и со три блокади и три украдени топки, што само дојде како потврда за одлуката на НБА лигата пред два дена, според која Јокиќ по третпат во кариерата беше избран за најкорисен играч во лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни