Поврзете се со нас

Свет

Ривалдо излезе со свој тип за големото финале во ЛШ: Се знае кој е фаворит, но ќе победи аутсајдерот

Објавено

на

Foto:instagram.com/rivaldo

Борусија Дортмунд е најпријатно изненадување во завршната фаза на Лигата на шампионите и „милионерите“ стигнаа до завршниот меч, а има и такви кои мислат дека германскиот тим сепак ќе најде решение за апсолутниот фаворит во финалето.

Реал Мадрид ќе влезе како голем фаворит на хартија поради сето искуство и традицијата во најелитното натпреварување, но легендарниот Бразилец Ривалдо смета дека трофејот на крајот ќе заврши во Дортмунд.

Поранешниот играч на Барса уште пред извесно време беше добар прогнозер и типуваше дека Борусија ќе стигне до финалето, а сега останува до својот став и прогнозира дека тимот на Един Терзиќ ќе оди до самиот крај.

– Веќе некое време велев дека во финалето ќе ги гледаме Реал и Борусија. Реков и дека шампион ќе биде Борусија. Реал Мадрид е фаворит и сите го знаат тоа, но Борусија влегува како силен аутсајдер и оди по титулата.

– Борусија покажа дека знае како да игра големи натпревари и тоа го видовме со двете победи против ПСЖ. Јасно е дека Реал е фаворит, но верувам дека Борусија ќе биде новиот европски шампион, – потенцира Ривалдо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни