Поврзете се со нас

Италија

Интер како казнена експедиција: Пет шута – пет гола (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Интер игра максимално релаксирано во финишот од сезоната во Серија А и Симоне Инѕаги има можност да игра со фудбалери кои помалку добиваа шанса, но дури и во таква ситуација, новиот шампион е пресилен за голем дел од тимовите.

Фрозиноне е во долниот дел од табелата и имаше голема желба да оствари победа да дојде блиску до фудбалски спас, но наместо тоа, вечерва дозна како може функционир казнената експедиција наречена Интер.

Домаќините се обидуваа на секој начин да постигнат гол и испратија повеќе удари кон голот на Зомер, но ниту еден не заврши зад грбот на швајцарскиот чувар на мрежата.

На спротивната страна, Интер ја казни секоја грешка и постигна пет гола со пет шута кон голот на Фрозиноне, а интересно видовме и пет различни стрелци.

Фратези и Арнаутовиќ погодија по еднаш по еден час игра, додека во последните 15 минути во листата на стрелците се запишаа Бјукенен, Лаутаро и Тирам.

Головите погледнете ги ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни