Поврзете се со нас

Свет

Идна ѕвезда на Реал предизвика мешаница со контроверзна „Кинг Конг“ прослава на гол (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Palmeiras

Палмеираш обезбеди убедлива победа на гостувањето кај Ливерпул во Уругвај (0:5), а натпреварот беше одбележан и со една мешаница на теренот.

Истата ја испровоцира Ендрик, идната ѕвезда на Реал Мадрид, фудбалер кој го постигна третиот гол на натпреварот и реши да го прослави со „Кинг Конг“ прослава.

Домашните фудбалери и фанови го протолкуваа начинот на славење како провокација, по што настана мешаница на теренот и судиите мораа да спречуваат поголем инцидент.

– Тие мислеа дека е провокација, но успеав да зборувам на шпански со нив. Тројца ме разбраа, останатите седум и не толку… Ги сакам филмовите со Кинг Конг и тоа е тоа, – изјавил Ендрик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни