Поврзете се со нас

НБА

Едвардс по поразот на Минесота: Јас сум виновен, не можам да дозволам…

Објавено

на

foto: twitter.com/relevo

Денвер Нагетс и одржа лекција на Минесота Тимбервулвс (117:90) во третиот меч од полуфиналето на Западот и со тоа воедно се врати во игра во оваа серија со оглед на тоа што сега резултатот е 2-1.

Шампионот покажа сосема друго лице од она во Колорадо и испрати јасна порака дека ќе се бори до самиот крај, поточно „волчците“ ќе мора добро да се испотат ако сакаат да ги елиминираат.

На ова соочување добро беше затворен најдобриот играч на Минесота, Ентони Едвардс кој уфрли само 19 поени што беше најслаб учинок во оваа серија.

Токму Ентони се огласи и ја презема вината за негативниот резултат на „волците“.

-Ја преземам вината за овој пораз. Излегов на теренот без енергија. Не можам да си дозволам тоа да го направам. Го изневерив тимот, тренерот, навивачите, -порача бекот на Минесота.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни