Поврзете се со нас

Англија

Клоп е под ризик да го пропушти својот проштален меч на „Енфилд“: Ќе се обидам да бидам најдисциплиниран

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Јирген Клоп се подготвува за своите два завршни меча како менаџер на Ливерпул, но оној последниот ќе биде проштален за него на „Енфилд Роуд“.

Ливерпул во претпоследното коло гостува во Бирмингем кај тимот на Астон Вила, а овој натпревар сепак ќе биде посебно важен за Клоп од дисциплинска гледна точка, бидејќи Германецот не смее да си дозволи да биде опоменат.

Поради новото правило во Премиер лигата, тренерите после три добиени жолти картони одат на „ладење“ еден меч, па Клоп веќе некое време е на една опомена од суспензија.

Клоп има два жолти картон и затоа постои ризик да го пропушти својот проштален меч на „Енфилд Роуд“ против Вулверхемптон, нешто што му беше нагласено и од новинарите на вчерашниот прес.

– Знам дека сум под закана од суспензија, но тоа го знам веќе подолго време. Веќе не ни паметам кога го добив вториот жолт картон, тоа беше одамна. Има тренери кои веќе беа суспендирани, а тоа значи дека успеав да се смирам со текот на годините.

– Не мора да бидам на клупата против Вулверхемптон, но сепак ќе биде навистина добро ако можам да го водам тимот. Ќе направам се што е можно да бидам најдисциплиниран, ќе направам се за да не се вклучам во било каква дискусија против Астон Вила, – најави Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни