Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ кратко се огласи по необичниот инцидент во Рим (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/InteBNLdItalia

Новак Ѓоковиќ имаше бизарна средба со  фановите во Италија по крајот на својот прв меч во Рим, бидејќи во моментите кога делеше автограми, Србинот доби удар во глава од еден од присутните на трибините.

Светскиот рекет број еден доби алуминиумско шише во глава и се превиткуваше од болка во прв момент, по што со помош на одговорните лица беше брзо пренесен во подтрибинскиот простор на „Форо Италико“.

Италијанските медиуми открија дека Ноле се здобил со расекотина од силината на ударот и морал да добие лекарска интервенција, но најдобра вест беше таа која откри дека не заработи посериозна повреда.

Видео од друг агол открива како дошло до инцидентот во Рим, организаторите објавија каква повреда заработил Ѓоковиќ

Рано наутро, со официјална изјава се јави и самиот Ноле, кој покрај тоа што се заблагодари за пораките кои ги доби во изминатите неколку часа, нагласи дека станувало збор за случаен инцидент при кој немало зла намера.

– Ви благодарам на пораките за загриженост. Тоа беше несреќен случај и сега сум добро. Се одморам со ладни облоги, се гледаме во недела, – порача Ѓоковиќ кој во третото коло во Рим ќе игра против Алехандро Табило.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни