Поврзете се со нас

АТП

Несекојдневен инцидент: Ѓоковиќ доби шише во глава додека даваше автограми, па се превиткуваше од болка (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/InteBNLdItalia

Новак Ѓоковиќ без проблеми се справи со Корентан Муте и победи со 6:3 и 6:1, но пласманот во следната рунда не донесе само насмевка на лицето на Србинот.

Причина за тоа е бизарната и несекојдневна ситуација која ја доживеа светскиот рекет број еден додека даваше автограми, а иако уште во прв момент се забележа дека има некоја гужва, телевизиските камери не го уловија овој момент.

Имено, Ноле добил шише во глава од еден од фановите кои се обидувале по секоја цена да дојдат до автограм, но ударот не бил воопшто наивен, па Србинот паднал на земја и се превиткувал од болка.

На објавеното видео на социјалните мрежи, добро се гледа дека алуминиумското шише падна од трибината, а најверојатно станува збор за случаен инцидент бидејќи во околината имало само фанови кои сакале да добијат потпис од својот идол.

Ѓоковиќ сигурно нема по добро да ја памети оваа средба со фановите, па останува да видиме каков одговор ќе даде на оваа тема на пресот кој ќе го има во продолжение.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни