Поврзете се со нас

Македонија

Симиќ го врати Шкупи во Првата лига

Објавено

на

foto: kfsm.mk/

Кошаркарите на Шкупи ја добија „мајсторката“ со Маџари (77:59) и изборија пласман во Првата лига, поточно враќање во елитната домашна конкуренција по пауза од пет години.

Домаќините се прикажаа во далеку подобро светло од вториот натпревар, уште во раната фаза го преземаа водство и потоа имаа контрола на играта и резултатот.

По првиот период водеа со 23:15, позитива која не ја испуштаа и на одмор заминаа со 38:32. По паузата одново во прв план беа домашните играчи кои одиграа цврсто во одбраната и примија само осум поени, поточно по 30 минути водеа со 57:40 со што стана јасно дека се на добар пат да го добијат овој натпревар.

Завршните десет минути беа рутински, па така Шкупи дојде до славје и затворање на оваа серија со 2-1.

Со ова воедно заврши и битката на двете наши големи имиња, Тони Симиќ и Перо Блажевски, битка која му припадна на првиот кој сега во финалето оди на МКК Куманово, тим предводен од уште една легенда, Марин Докузовски.

Финалето нема некое значање освен престиж, односно Куманово и Шкупи веќе се прволигаши и ги заземаат местата на Охрид и ФМП Академија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни