Поврзете се со нас

Англија

Фоден со два брзи гола донесе ерупција на „Итихад“, Каиседо погоди од пола терен (Видео)

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити тргна во страшна офанзива уште од првата секунда и експресно успеа да наметне неверојатно темпо на клучниот меч за титула, па фудбалерите на Вест Хем само неколку пати ја минаа половината во почетната фаза од мечот.

Избраниците на Пеп Гвардиола излегоа на теренот како тим кој брка нов трофеј, а играчот на сезоната во Премиер лигата брзо се погрижи за помирно попладне за „граѓаните“.

Неколку дена откако беше избран за најдобар во сезоната, Фоден постигна два брзи гола за предност од 2:0, од кои првиот беше навистина феноменален.

Со ваквиот расплет по само 18 минути, Сити има се во свои раце за да ја одбрани титулата, односно да испише историја и да стане првиот клуб кој ја освоил Премиер лигата четири пати во низа.

Од друга страна, Арсенал се уште игра 0:0 против Евертон по 20 минути, додека Челси води против Борнмут со гол на Каиседо од пола терен.

 

Погодоците на Фоден погледнете ги ТУКА

Голот на Каиседо погледнете  го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни