Поврзете се со нас

Англија

Урнебес од прославата на Сити: Синот на Фоден изгледа минува премногу време со Грилиш (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Џек Грилиш дефинитивно немаше ниту приближно добра сезона како онаа пред една година, но сепак англискиот репрезентативец не очајуваше за случувањата на индивидуален план и повторно стана хит на прославата на Манчестер Сити.

„Граѓаните“ четврти пат во низа ја освоија титулата во Премиер лигата и испишаа нова историја во Англија, па сосема очекувано беше тоа што голем дел од играчите еуфорично го прославија големиот резултат.

Фудбалерите на Пеп Гвардиола се погрижија за уште незаборавно попладне кое вечно ќе остане во сеќавање на фановите, но од теренот пристигнаа и сцени кои станаа посебно вирални.

Фил Фоден има навистина близок однос со Грилиш и во повеќе наврати имаме видено како Џек има воспостваено специјален однос и со неговиот син, но како што стојат работите, наследникот на Фил очигледно минува премногу време со крилниот напаѓач.

Синот на Фоден на урнебесен начин се обидуваше да го отвори шампионското шампањско, а со самото тоа ги изнасмеа фудбалски фанови кои не престануваат да ја поврзуваат оваа сцена со влијанието кое го има Грилиш врз малиот наследник на Фил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни