Поврзете се со нас

НБА

Главната ѕвезда на Минесота провоцираше и го налути Јокиќ, па испрати порака за Мареј: Му врзав лисици! (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Timberwolves

Минесота направи огромен подвиг и го детронизираше актуелниот шампион во НБА лигата, откако со голем пресврт приреди голем шок за Денвер и навивачите во „Бол арената“.

„Волците“ се вратија од минус 20 и на крајот го победија тимот предводен од Никола Јокиќ и Џамал Мареј, па за двете големи ѕвезди мала утеха беше тоа што беа најдобри поентери на паркетот.

35-те поени на Џамал и 34-те поени на Никола беа недоволни за победа на Денвер, пред се благодарение на страшната одбрана која ја одигра Минесота во второто полувреме, во кое гостите одиграа брилијантно добро како на шестиот меч.

Минесота се избори за неверојатен пресврт уште во пораната фаза на четвртиот период и во завршните минути се влезе со познато сценарио, па така Антони Едвардс имаше време и да ги провоцира навивачите на Денвер.

Првата ѕвезда на Минесота им мавташе на фановите во салата како јасен сигнал за елиминацијата на нивниот тим, а тоа не му се допадна на Јокиќ.

За да биде уште поинтересно, во подтрибинскиот простор Едвардс имал порака и за втората ѕвезда на Денвер со која се провоцираше во текот на целата серија.

– Му врзав лисици на Џамал…….

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни