Поврзете се со нас

Италија

Тирам му фаќаше сеир на Јувентус, Лилијан се обиде да му „залепи“ воспитна на својот син (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Inter

Интер ја заврши сезоната пред домашните навивачи и одигра 1:1 против Лацио, а тоа беше најдобро сценарио да се прослави трофејот кој конечно и официјално го добија од одговорните луѓе во Серија А.

Фудбалерите на Интер се поздравија со тифозите на последниот меч на домашен терен за оваа сезона и си посакаа многу успеси и за наредната, па во обидот да се испровоцираат ривалите, од трибините пристигнала и провокација за Јувентус.

– Кој не скока е Јувентино, – гласеше песната која ја пееја навивачите на Интер, а во сеирот се приклучи и одличниот напаѓач на домашниот тим, Маркус Тирам.

Голгетерот реши да се постмева со ривалот пред очите на неговиот татко, а кога Лилијан виде што прави неговиот син, имаше обид да му подели една „воспитна“ на теренот.

Лилијан имаше блескава кариера и беше вистинска легенда на Јувентус, но вчера беше дел од прославата на Интер како горд татко на својот син.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни