Поврзете се со нас

Англија

Артета ги посочи двата натпревари кои го оставиле Арсенал без посакуваниот шампионски трофеј

Објавено

на

Foto:x.com/Arsenal

Микел Артета може да жали што неговиот Арсенал остана без титулата во Премиер лигата, дури и во ситуација кога неговиот тим сериозно напредуваше и беше далеку постабилен во завршницата од сезоната.

„Топчиите“ останаа покус во битката со Манчестер Сити и 89 освоени бода беа недоволни за да се стави крај на 20-годишното чекање, па Артета и неговите фудбалери ќе мора да изборат за нова шанса во иднина.

Шпанскиот стручњак е уверен дека Арсенал со ова темпо набрзо ќе стигне до трофејот во домашното првенство, но говорејќи за новата пропуштена шанса, Микел издвои два натпревари како клучни за шампионската трка.

– Поразот од Астон Вила на домашен терен со 0:2 во април беше клучен момент. Во првото полувреме требаше да водиме 4:0, можеби приказната ќе беше поинаква ако победевме на тој меч.

– Исто така, тоа што се случи минатиот вторник на дербито меѓу Тотенхем и Сити, можевме да станеме шампиони со поинаков исход од тој меч. Маргините беа толку мали оваа сезона и не треба да се срамиме. Правиме неверојатна работа против најдобриот тим во историјата на Премиер лигата, сигурен сум дека набрзо ќе стигнеме до титулата, – изјави Артета.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни