Поврзете се со нас

Македонија

ФФМ одреди на кои стадиони ќе се играат бараж натпреварите, Вардар и Детонит ќе водат битка во Струмица

Објавено

на

Ова попладне во македонската куќа на фудбалот беа одредени паровите за пополнување на последните места во Првата и Втората лига за сезоната 2024/25.

Според пропорциите, плејоф дуелите носат само по еден натпревар и статусот на прволигаш и второлигаш ќе се одлучува во 90 минути, а во случај да нема победник, веднаш ќе се пристапи на изведување пенали.

Најголемо внимание секако ќе предизивка бараж пресметката која ќе ја играат Вардар и Детониот за прволигашко место, а ФФМ одреди овој натпревар да се игра во Струмица на стадионот „Благој Истатов“.

Останатите бараж натпревари ќе се играат во Скопје и Битола:

ФК ВАРДАРСКИ – ФК КОРАБИ (25.05.2024, 17:00 часот, стадион „Борис Трајковски“, Маџари)

ФК ПОБЕДА Прилеп – ЗГ ФК КУМАНОВО (25.05.2024, 17:00 часот, стадион „Ѓорче Петров, Скопје)

ФК ВЛАЗЕРИМИ Ј 1977 – ФК БОРЕЦ 1919 (25.05.2024, 17:00 часот, стадион „Петар Милошевски“, Битола)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни