Поврзете се со нас

Англија

Пеп на раб на солзи: Гвардиола со растреперен глас му испрати порака на Клоп (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Јирген Клоп вчера ја имаше својата проштална епизода на „Енфилд Роуд“ и со многу емоции се поздрави со навивачите на Ливерпул, а неговото заминување не ги остави рамнодушни и колегите од Премиер лигата.

Германецот ја придоби цела почит во Англија за работата која ја заврши во Ливерпул во изминатите девет години, но интересно е тоа што најспецијална конекција имаше со најголемиот ривал, Пеп Гвардиола.

Клоп во најавата за последното коло посочи дека Пеп е убедливо најдобар тренер во светот и ниту еден друг нема да освои четири титули во низа во Премиер лигата, па кога дојде време Гвардиола да зборува за Германецот по новата освоена титула, вреди да се нагласи дека на Шпанецот му се растрепери гласот.

– Навистина многу ќе ми недостасува. Јирген беше многу важен дел од мојот живот, тој ме однесе на друго ниво како менаџер. Двајцата имаме неверојатна почит еден кон друг и навистина имам чувство дека ќе му се врати на фудбалот.

– Сакам да му се заблагодарам за зборовите кои ми ги посвети, но тој лично знае дека зад мене има многу работи, има клуб кој ми овозможува многу. Ако не е така, сам не можам да го направам ова. Јас сум доволно скромен за да го признаам тоа. Тој ми помогна во многу наврати, со неговиот тим стана огромен ривал во мојот живот. Многупати не успевав начин да пронајдам како да ги казнам, онака какошто наоѓав начин за другите тимови. Со него ми беше посебно тешко, – изјави Пеп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни