Поврзете се со нас

Свет

Офанзивецот во одлична форма: Дориев постигна уште два гола за Согдиана (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:facebook.com/fcsogdianajizzak

Повремениот македонски репрезентативец, Љупче Дориев игра во одлична форма во дресот на Согдиана, тим за кој продолжи да ги решета противничките мрежи.

Офанзивецот овојпат стрелаше двапати во соочувањето со ОКМК со што дојде до бројката од пет голови во шампионатот на Узбекистан со оглед на тоа што претходно ги затресе мрежите на Андијан, Навбахор Наманган и Нефчи Фаргона.

Единствената лоша вест е што Согдиана го загуби ова соочување со 5-3.

Со вкупно 11 бода Дориев и другарите се наоѓаат на 6. место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни