Поврзете се со нас

Англија

Родри: Арсенал имаше неверојатна сезона, но главната разлика беше тука! (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Родри повторно постигна важен гол за Манчестер Сити и вчера стави крај на дилемите каде ќе заврши титулата во Премиер лигата, бидјеќи неговиот погодок за 3:1 целосно го откажа Вест Хем, но и фановите на Арсенал кои се надеваа на кикс на „граѓаните“.

Шпанскиот играч за врска не знае за пораз на еден официјален меч повеќе од една година и бруталната статистика најдобро говори за неговото влијание во тимот на Гвардиола, па како една од најголемите ѕвезди на Сити, си даде право да направи една кратка анализа на новата тесна битка со Арсенал во домашното првенство.

Родри испрати честитки за сезоната која ја имаше тимот од Северен Лондон, но нагласи дека главната разлика ја направил шампионскиот менталитет на Сити.

– Да бидам искрен, разликата е тука. Менталитетот ја прави главната разлика, секаде има добри играчи, секаде има добри тимови. Арсенал имаше неверојатна сезона, ја заслужија титулата, но разликата беше тука….

– Кога дојдоа тука, кога се соочија со нас на „Итихад“, видов по нивните изрази дека не дојдоа да победат, дојдоа да одиграат реми. Тоа е менталитетот, ние немаше да го направиме истото. Ако ни дадете еден поен предност, ние нема да загубиме на последните седум или осум натпревари, – порача Родри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни