Поврзете се со нас

Европски првенства

Хап во конкуренција за МВП на колото во квалификациите за ЕП

Објавено

на

Итан Хап имаше квалитетно деби за македонската репрезентација иако истото не беше заокружено со победа на нашиот национален тим во соочувањето со Естонија во квалификациите за Европското првенство.

Членот на Гран Канарија оствари дабл-дабл од 18 поени и 10 скока, забележа 3 асистенции, украде 4 топки и „залепи“ 4 „банани“ со што на крајот имаше 30 индексни поени.

Со ова издание центарот влезе во најтесниот круг за МВП на првата рунда во квалификациите, односно во игра за ова признание се уште Џанан Муса од Босна и Херцеговина, Мајлс Хесон од Велика Британија, Клемен Препелиќ од Словенија и Германецот, Оскар Да Силва.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни