Поврзете се со нас

Боречки спортови

Бронза за Рељиќ на Г2 турнирот во Белград, следува ЕП

Објавено

на

Уште еден медал од престижните Г2 турнири за Милијана Рељиќ, овој пат освоен бронзен медал на „Галеб Г2 Србија Опен“.

Мила во првото коло беше поуспешна од Азербејџанката Мејлин Мамаџада со 2:0 во рунди. Во следното коло тесна победа врз извонредната Српска репрезентативка Ела Мариќ со 2:1 во рунди.

Во борбата за медал Мила беше поуспешна од Иранката Хаџиџи Елхам со 2:0 во рунди. Во полуфиналето бевме запрени од Хелена Кичема од Хрватска.

На силниот Галеб Г2 Опен учествуваше светската теквондо елита со повеќе од 350 во сениорска конкуранција меѓу кои и 25 олимпијци. Во категоријата на Милијана сениорки -62кг, на пиедесталот имаше две олимпијки Петра Столбова (Чешка) бронзен медал освои и Вивијана Мартон – Унгарија – златен медал.

Ова се нови 7,20 поени за светската и олимписката ранкинг листа за Милијана. Ова е трет медал во оваа 2024 по оној на „Г1 опен“ во Турција и домашниот „Скопје Опен“.

Следен значаен натпревар за Мила е Европското сениорско првенство во Белград.

– Со овие 7.20 поени се очекува да се искачиме на 6-та позиција на светската таеквондо ранкинг листа, што теоретски би  овозможило поповолен ждреп за Европското првенство, иако таму се очекува пеколна конкуренција,- вели тренерот Александар Ефтимов.

Натпреварите на ЕП во Белград се предвидени во периодот од 12 до 14 мај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни