Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анчелоти доби прашање на германски јазик, со својот одговор ги насмеа новинарите (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти е вистински џентлмен на речиси секое соочување со новинарите, па така било и вчера во Минхен каде режирал и една интересна ситуација во прес-центарот.

Италијанскиот стручњак работеше една и пол година во Германија и го водеше Баерн, но иако тоа е доволно долго време за да се научи еден јазик, Карлето призна дека никогаш немал добра синтонија со германскиот.

Карло вчера добил прашање на германски и било побарано да одговори на ист јазик, по што Анчелоти симпатично се извадил од необичната ситуација.

– Жалам, но заборавив да зборувам германски. Минхен е прекрасен град, но германскиот јазик никогаш не влезе во мојата глава. Мојот син зборува многу подобро и тој подобро се снајде, – порача Анчелоти.

Искусниот Италијанец го водеше Баерн сезона ипол и ја освои титулата во Бундеслигата, но на крајот разделбата беше доста непријатна за двете страни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни