Англија
Анри стравува од најцрно сценарио за Арсенал по втората загубена битка со Сити
Тјери Анри имаше искра надеж пред последното коло во Премиер лигата и му даде минимални шанси на својот Арсенал за титулата во Премиер лигата, но сепак испадна во право кога посочи дека тешко ќе се дочека кикс од Манчестер Сити.
„Граѓаните“ си ја завршија работата и со перфектен финиш на сезоната стигнаа до четврта последователна титула во Премиер лигата, шеста во последните седум сезони во Англија.
Сити стана неприкосновен шампион и испиша историја која ја нема направено ниту еден друг тим во англиската елита, а бидејќи Арсенал вторпат остана пократок во битката со „граѓаните“, Анри стравува од најцрното сценарио.
Иако Микел Артета посочи дека Арсенал е на добар пат и набрзо ќе ја освои титулата, Анри стравува дека неговиот тим може да „изгори“, исто како што „изгоре“ Ливерпул по жестоките битки со Сити.
– Родри пропушти неколку натпревари, Де Брујне пропушти голем дел, Фоден не даваше одговор долго време, но овојпат одговори на секој повик кој го доби од тимот. Сити повторно го пронајде патот до успехот. Тоа што го прават е глупаво добро. Не прават пауза од две години, го прават тоа секоја сезона.
– Има една работа која посебно ме загрижува. Секојпат кога еден тим се обидува да остане во исто темпо со нив, на крајот прегорува. Секојпат некој експлодира, погледнете што се случи со Ливерпул. Едноставно не може да се справат со тоа и да го држат истото темпо. Се надевам дека нема да се случи тоа со Арсенал, се надевам дека Арсенал ќе остане во ист ритам, – изјави Анри.
-
Италија20 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија21 час
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија15 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија21 час
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија21 час
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија12 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Англија14 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон