Поврзете се со нас

Англија

Касемиро го крена гласот по низата понижувања кои ги доби во англиската јавност

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Крајот на премиерлигашката сезона беше навистина возбудлив поради шампионската битка која ја водеа Манчестер Сити и Арсенал до последното коло, но на програмата видовме и други интересни натпревари на кои фаворитите се одјавија со победи.

Манчестер Јунајтед го победи Брајтон со 0:2 и на крајот ја заврши сезоната со триумф, но по ставената завеса на разочарувачката сезона во Премиер лигата, Касемиро реши да го прекине молкот и да го крене гласот за сериозните критики кои ги доби во последно време.

Касемиро имаше посебно лош натпревар против Кристал Палас и дел од аналитичарите му препорачаа да не се посрамотува и да си замине од Јунајтед, а еден од најгласните беше поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер.

– Критиките се дел од фудбалот и секогаш сум многу мирен. Кога критиките се контруктивни, тие се добредојдени. Кога 10 години сте на највисоко ниво, нормално е некогаш да дојдат и критики.

– Ги сфаќам критиките, но не и знаците на непочит. Пред една година бев едно од најдобрите засилувања во Премиер лигата, а сега не вредам ништо? Таквите критики се понижувачки и има недостаток на респект. Кога има недостаток на почит, за мене тоа е загрижувачки. Во такви околности, немој да барате почит и од мене, – порача Касемиро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни