Поврзете се со нас

АТП

Зверев нема дилеми: Новак ќе биде во најдобра форма во Париз

Објавено

на

foto:x.com/atptour

Александер Зверев успеа да го освои Мастерсот во Рим и со тоа да има најдобра проверка, загревање пред вториот календарски грем слем Ролан Гарос.

Германецот во Париз ќе биде дел од групата на фаворити за највисок пласман, група во која сигурно е и Новак Ѓоковиќ кој засега нема добра година, но Зверев верува дека првиот светски рекет дека ќе биде максимално подготвен за предвизвикот во француската престолнина.

-Ќе видите, Новак ќе дојде во Париз во најдобра форма. Секогаш е така. Рафа ќе игра многу подобро отколку во Мадрид и Рим, убеден сум во тоа. Кога се во прашање Јаник и Карлос, зависи од нивното здравје. Ако им оди добро, тие се меѓу најдобрите во светот. Состојбата на Јаник се подобрува, објави слика како тренира, па го очекувам на теренот, -порача Зверев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни